Циципас го врати својот татко за личен тренер

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас, одлучи повторно во својот табор да го врати неговиот екс тренер, неговиот татко Апостол.

Тоа значи дека е прекината досегашната соработка со Марко Филипусис, со кој не бележеше добри резултатити изминатиот период. Стефанос во август одлучи својата кариера да ја продолжи без неговиот татко, но тоа траеше кратко, само два месеци, па сега соработката е повторно обновена.

„Без татко ми како да го губам идентитетот како тенисер“, порача Циципас за неговата одлука.

Циципас одлично ја почна сезоната, играше Австралија Опен финале, но проблем беше што освои само една АТП титула и тоа во Мексико. Моментално е шестопласиран тенисер на АТП листата.