Циципас и Хачанов четврртфиналисти на Мастерсот во Париз

Стефанос Циципас се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Париз, откако попладнево во три сета го совлада Аргентинецот Франциско Серундола со 6-7, 6-4, 6-2).

Циципас, 11. тенисер во светот, го совлада 29. рангираниот тенисер на АТП листата по два часа и 23 минути.

Гркот во четвртфиналето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Фис и Зверев.

Пласман во четвртфиналето денеска обезбеди и 21. тенисер во светот, Русинот Карен Хачанов, кој го совлада Австралиецот Алексеј Попирин со 2-0 (7-6, 6-4).

До победата над 24. играч на светот Хачанов дојде по еден час и 57 минути игра.

Хачанов во четвртфиналето ќе игра против подобриот од дуелот Димитров – Риндеркнеш.