Циципас ја одбрани титулата во Монте Карло
Грчкиот тенисер Стефанос Циципас успеа да ја одбрани титулата на турнирот од Мастерс 1000 серијата кој се одржа во Монте Карло.
Циципас во финалето го совлада Шпанецот Алехандро Давидовиќ-Фокина со 6:3, 7:6 (7:3).
Турнирот во Монте Карло се играше на земјена подлога и беше со награден фонд од 5.415.410 евра.