Црвена Звезда го официјализира Џон Браун

Џон Браун успешно ги мина лекарските прегледи во Белград и официјално го стави својот потпис на договорот со Црвена Звезда.

„Црвено-белите“ долго беа во потрагата по нов висок кошаркар по повредата на Боломбој, а откако не успеаја да го комплетираат трансферот на Мотли фокусот беше насочен токму кон Браун.

Поранечниот кошаркар на Монако е слободен играч по истекот на договорот со „кнезовите“ , станува збор за квалитетен и искусен кошаркар, но сомнеж беше фрлен поради неговата физичка состојба по тешката повреда на рамото заработена ланската сезона во четвртфиналето од Евролигата против Фенербахче.

Браун ќе почне да тренира со остатокот од тимот, а не се исклучува можноста тој да дебитира за Црвена Звезда веќе в петок, на дуелот од Евролигата со Олимпијакос на кој „црвено-белите“ нема да можат да сметаат на Филип Петрушев, поради клаузула во договорот за позајмица токму од атинските „црвено-бели“.