Црвена Звезда го продава Осман Букари

Црвена Звезда може сериозно да профитира од трансферот на Осман Букари.
Букари е репрезентативец на Гана и игра на десната крилна позиција, а за него се појавил тим кој е спремен да плати 11 милиони евра. Засега името на клубот не се открива. Ако ваквите најави се реализираат, тоа би бил втор најскап трансфер во историјата на Звезда. Поскап е само оној на Немања Радовиќ во Олимпик Марсеј од 12 милиони евра.
Во редовите на српскиот гигант Букари пристигна од Гент минатото лето за три милиони евра и според „Трансфермаркт“ сега вреди 6.5 милиони. Информациите се дека понудата е испратена и се чека само одлуката на луѓето во Црвена Звезда.