Црна Гора на местото од Русија оди на Евробаскет 2022
Откако репрезентацијата на Русија и официјално е исфрлена од настапот на Европското првенство во кошарка закажано за септември 2022, објавено е која селекција ќе биде нејзина замена.
Иако и Македонија се надеваше дека ќе го заземе местото на Русија, ФИБА одлучи дека Црна Гора е репрезентацијата која ќе настапува место Русија.
Црногорците ја добија поканата бидејќи имаат најдобар скор во квалификациите од репрезентациите кои не се пласирале на шампионатот. Тие остварија три победи и три порази со што си обезбедија вајлд-карта.