Црногорецот Канкараш се раздели со Металург

РК Металург спогодбено ја прекина соработката со црногорскиот интернационалец, Бранко Канкараш кој во изминатато лето беше ангажиран како големо засилување за тимот од „Автокоманда“.
„Донесовме заедничка одлука со Канкараш дека е најдобро сезоната да ја доигра во клуб од кој добивме одлична понуда. Лимитираноста во бројот на странци кои можат да настапуваат во домашно првенство беше причината Бранко да ги проследи натпреварите од трибини, што за играч од негов ранг е неприфатливо“, стои во соопштението на Металург.