Чаби Алонсо во проблеми, тројца дефанзивци најавија отсуство заради повреди

Екипата на Реал Мадрид потврди дека капитенот, Даниел Карвахал, се повреди на вчерашното градско дерби со Атлетико и дека ќе мора да паузира околу еден месец.

Карвахал има кинење на мускулот на десната нога. Тоа значи дека искусниот десен бек најверојатно ќе биде надвор од игра за дербито против Барселона на 25 октомври. Во таборот на „белите“ во наредниот период ќе ги нема и Трент Александар-Арнолд и Едер Милитао.

Сите тројца нема да патуваат за Казахстан за пресметката во вторник во Лигата на шампионите против Каират.