Чаби Алонсо официјално претставен во Мадрид

Официјално започна ерата на Чаби Алонсо во најславниот светски клуб, Реал Мадрид. Алонсо, претходните две сезони ги мина во Баер Леверкузен, кормилото во „кралскиот клуб“ го презеде од Карло Анчелоти кој во иднина ќе биде селектор на Бразил.

Новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, на денешната презентација изјави дека неговата врска со клубот никогаш не престанала да постои.

Алонсо денес во просториите на клубот потпиша тригодишен договор со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Тој му се заблагодари на Перез за довербата и додаде дека чувствува дека ова е почеток на нова ера за клубот.

„Ова е многу посебен ден за мене. Ден што ќе го забележам во мојот календар до крајот на животот. Многу сум среќен што сум тука, каде што се чувствувам како дома. Врската со Реал Мадрид никогаш не престанала да постои, а откако влегов клупскиот центар добив чувствот како повотрно да сум се родил“, рече Алонсо.

Алонсо изјави дека Реал Мадрид има одличен тим, кој има добар потенцијал и светла иднина