Чаби Алонсо: Рано е да се зборува за мое преземање на Реал

Во претходниот период Чаби Алонсо се поврзуваше со клупата на Реал Мадрид, Шпанецот на клупата на Леверкузен дојде минатата година кога „фармацевтите“ се наоѓаа на 17. место, но успеа со тимот да дојде до место во Европа.

Алонсо состави победничка машинерија и игра одлично во новата сезона, па поради тоа се поврзува со клупата на неговиот поранешен клуб. Сега доби прашање на оваа тема.

„Јас во Реал Мадрид? Рано е да се зборува на оваа тема, само сме септември. Не можеме сега а разговараме, јас сум фокусиран на Баер Леверкузен“, кратко одговори Алонсо.

Договорот на Алонсо со германскиот тим му е до јуни 2026 година.