Чави: Ајнтрахт беше одличен, немавме решение за нивната традиција
Тренерот на Барселона, Чави Хрнандез, призна дека неговиот тим имал многу потешкотии против Ајнтрахт на првиот меѓусебен натпревар во четвртфиналето на Лигата на Европа. Натпреварот во Германија заврши 1:1, а поранешниот играч од средниот ред ги пофали домаќините.
„Се соочивме со тежок и физички многу силен противник. Не знаевме како да ги спречиме. Моравме да играме поцврсто за да се справиме. Дополнително, теренот не беше во многу добра состојба. Создадовме помалку ситуации од вообичаено, но задоволни сме од резултатот. Вообичаено, тимот што ќе ја совлада иницијативата има повеќе шанси за гол, но тоа денеска не беше случај. Ајнтрахт правеше ѓаволски контранапади и ние навистина не знаевме како да им се спротивставиме“, изјави тренерот на Каталонците.