Чави бара од Лапорта да го врати Меси во Барселона

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, побара од пртседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта да го врати во екипата аргентинскот фудбалер Лионел Меси, пренесуваат шпанските медиуми.

Чави играше заедно со Меси во Барса од 2004 до 2015 година, а заедно имаат освоено 24 трофеи, меѓу кои и четири Лиги на шампиони.

Меси минатата година поради тешката финансиска ситуација во која се најде Барселона, одлучи после 21 година да го напушти Камп Ноу и да прејде во ПСЖ.

Во меѓувреме Париз Сен Жермен му нуди нов договор на Меси, но аргентинскиот фудбалер нема одговорено на понудата и одлуката ја остава за после СП во Катар.

Според информациите Барса и Чави сакаат да ја искористат оваа ситуација и на крајот од наредната сезона да го вратат Меси во клубот. Можноста за враќање на Аргентинецот назад во Барса неодамна ја најави и претседателот Лапорта.