Чави бара од Лапорта да го доведе Салах во Барселона следното лето

Новиот тренер на Барселона, Чави Ернандез, наводно побарал од управата на клубот да ја доведат супер ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах.

Чави пристигна на „Ноу Камп“ во обид да го врати стариот сјај на каталонскиот клуб и започнува со составување на тим кој повторно би ја нападнал шампионската титула во Ла Лига. Тој мисли дека Мохамед Салах ќе биде вистинскиот мотор на „новата“ Барса и бара негово доведување по секоја цена наредното лето.

Салах има договор со Ливерпул до летото 2023 година но сеуште нема конечна одлука дали ќе продолжи со „црвените“ или сака нов предизвик во кариерата.

Чави во Салах гледа замена за Лионел Меси кој го напушти клубот ова лето и се пресели во ПСЖ.