Чави без седуммина во Памплона викендов

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез нема да може да смета на седуммина свои играчи за првенствениот меч со Осасуна.

Проблемите на Каталонците најмногу се на удар поради отсуството на Мемфис Депај и Ансу Фати. Барселона веќе објави дека холандскиот репрезентативец Депај се опоравува од повреда на левиот мускул, која го оддалечува од теренот неколку недели. Речиси иста е ситуацијата и со шпанскиот репрезентативец Жорди Алба, кој, сепак, има повреда на мускулот на десната нога и исто така ќе отсуствува од игра неколку недели. Ансу Фати има проблеми со повреди на мускулите. Во еден момент се шпекулираше дека ќе се лекува меѓу 4 и 6 недели, но веќе еден месец е надвор од терените и не се знае кога ќе закрепне. Клубот објави дека нема да биде готов пред 2022 година.

Серхио Роберто вчера беше успешно опериран и се очекува да закрепне за четири месеци. Со младиот талент Педри има компликации од повредата на квадрицепсниот мускул на левата нога и се препорачува да не се форсира што значи дека нема да се врати пред празниците. Има уштенеколку играчи кои нема да бидат во можност да играат за Барселона до крајот на оваа календарска година.