Чави го сака Феран Торес во Барселона
Барселона посакува одредени засилувања во својот тим во јануарскиот преоден рок, а една од големите желби е Феран Торес од Манчестер Сити, 21 годишниот фудбалер кој има активен договор со англискиот првак до 2025 година.
„Марка“ извести дека агентот на Торес веќе бил во канцелариите на Барселона претходниот четврток за да разговара за потенцијалниот трансфер, со тоа што директорот на Каталонците, Метју Алемани оваа седмица треба да отпатува за Манчестер.
Се верува дека постои одреден договор помеѓу Барселона и самиот фудбалер, меѓутоа, обата клуба засега немаат постигнато никаков договор.