Чави и Ал Сад го освоија Купот на Катар

Чави Хернандез во своите играчки денови освои дури 32 трофеи.
Но, бројот на неговите титули расте и откако стана тренер.
Иконата на Барселона денес го предводеше Ал Сад до победа во катарскиот Куп во кој неговиот тим за титулата играше против Ал Духаил и славеше со 2-0.
Денешниот трофеј беше петти за Чави во неговата тренерска кариера која ја започна во 2019 година. Наскоро во колекцијата Чави ќе го додаде и трофејот од првенството на Катар со оглед дека има 13 бодови предност на врвот на табелата пред Ал Духаил.