Чави казнет два натпревари, нема да седи на клупата против Лас Палмас и Кадиз

Тренерот на Барселона Чави е суспендиран на два натпревари во Ла Лига поради неговото исклучување на натпреварот против Атлетико Мадрид. Шпанскиот стручњак ќе може да заземе место на тренерската клупа на 21 април кога неговата екипа ќе игра против Реал Мадрид. 

Да потсетиме, на натпреварот од 29. коло меѓу Атлетико Мадрид и Барселона одигран на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, меч кој заврши со победа на Каталонците од 3:0, во 41. минута, главниот тренер на Барселона, Чави, доби жолт картон поради преактивен изразување на незадоволството од судијата, кој од непознати причини не ги казнуваше фудбалерите на домашната екипа за очигледни прекршоци.

Неколку минути подоцна имаше уште еден сличен фаул. Каталонскиот тренер повторно почна со реакција кон судијата, кој веднаш притрча до гостинскиот тренер и му покажа директен црвен картон. Така, Чави ќе пропушти два натпревари од домашното првенство, а тоа се со Лас Палмас и Кадиз.