Чави не може глава да крене од проблеми, се повреди и Жоао Феликс

Барселона оваа сезона има големи проблеми со повредни фудбалери, а сега Чави го загуби еден од клучите фудбалери.

Најново име на листата на повредени е португалскиот интернационалец Жоао Феликс, кој се повредил на денешниот тренинг.

„Жоао Феликс доживеа повреда на утринскиот тренинг и нема да биде во конкуренција за мечот против Осасуна“, соопшти Барселона.

Тоа значи дека Феликс сигурно нема да игра на утрешниот натпревар против Осасуна во 20. коло од Ла Лига. Допрва ќе биде јасно колку време ќе биде надвор од терените, но најверојатно ќе биде надвор од терените најмалку 2-3 недели.