Чави: Ова е нашата реалност, сакаме да ја освоиме Лига Европа
Екипата на Барселона со убедлив резултат од 3:0 загуби од Баерн Минхен, во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите.
Тренерот на каталонците, Чави Ернандез, после поразот призна дека во моментот освоеното трето место во групата и пласманот во Лига Европа е вистинскиот домет на екипата.
„Ова е нашата реалност во моментот. Баерн беше подобар и одигра супериорно. Ние дадовме се од себе, пробавме со висок пресинг да им ја одземеме топката, но набрзо бевме совладани. Ќе ја подобриме нашата игра во иднина и се надеваме дека можеме да ја освоиме Лига Европа“, истакна Чави.
Екипата на Барселона се елиминирани во групната фаза од ЛШ за прв пат после 2000-та година, а вкупно четврти пат во историјата.