Чави пронајде чудни изговори за ремито кај Хетафе

Барселона во една седмица забележа две реми средби во низа и овојпат се намали предноста во однос на Реал Мадрид, бидејќи „кралскиот клуб“ вчера победи во Кадиз со резултат 0-2.

„Високата и сува трева не ни одеше во прилиг, но го знаевме тоа. Вчера трениравме на сув терен во Барселона и знаевме што ќе не чека тука. Тешко е да се игра на ваков терен. Знам дека добивам многу критики кога се жалам за теренот, но на играчите им е најтешко да играат во вакви услови. Топката не се движи и тоа не е добро за никого, ниту за Хетафе.

Тоа не е изговор за резултатот, мора да пронајдеме поголема мотивација и подобра игра“, изјави Чави.