Чави сака двајца незадоволни фудбалери од Челзи

Хаким Зијеч и Тимо Вернер може да се преселат во Барселона, објави „ЕСПН“. Според изворот, приоритетна опција за нов трансфер бил играчот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг. Но, поради цената на играчот и неподготвеноста на англискиот клуб да го пушти играчот, овој трансфер најверојатно нема да се оствари.

Токму поради тоа од Барселона решиле да преминат кај играчите на Челзи. Клубот испратил барање до лондончани да видат дали воопшто ќе може да се ангажираат овие играчи. Барса би сакала да ги позајми со можна опција за купување, а се ова би се реализирало во јануарскиот преоден рок. Вернер сезонава одигра 11 натпревари на кои успеа да постигне три гола и една асистенција. Договорот на играчот со клубот е со важност до летото 2025 година. Трансфермаркт го проценува фудбалерот на 55 милиони евра.

Хаким Зијеч оваа сезона одигра 12 натпревари и постигна 3 гола и 3 асистенции. Неговиот договор е за истиот период како и на Вернер. Трансфермаркт го проценува играчот од средниот ред на 38 милиони евра.