Чави се согласил да го замени Куман во Барселона
Чави Хернандез, се согласил со понудата на раководството на Барселона да стане тренер на оваа екипа, пишува „Мундо Депортиво“.
Според изворот, Чави би можел да ги започне обврските по пауза за натпреварите на репрезентациите. За тоа време, двете страни треба да решат неколку прашања. Најпрво Чави треба да го раскине актуелниот договор со Ал Сад. Второ, мора да се договори нов стручен штаб со кој ќе работи Шпанецот.
Да потсетиме, 58-годишниот холандски стручњак Роналд Куман, кој беше на чело на Барселона, беше разрешен од функцијата доцна синоќа. Тој ја презеде Барселона во август 2020 година, откако Барселона ја активираше опцијата да го откупи неговиот договор од репрезентацијата на Холандија.
Во сезоната 2020/21, каталонскиот клуб под негово водство го освои Купот на Шпанија, завршувајќи на третото место во шпанското првенство.