Чави: Среќно, победивме, Виљареал не заслужи пораз

Барселона синоќа ја оствари првата победа на гостински терен оваа сезона откако го совлада Виљареал со 3-1.
Барселона не блескаше, далеку од тоа, Виљареал беше тимот кој имаше доминација, но Каталонците беа поефикасни и на крајот победија.
„Би рекол дека страдавме многу на овој меч и Виљареал не заслужи да загуби. Имавме среќа. Требаше повеќе да ја контролираме топката и да доминираме. Но како и да е, овие три бода се важни за нас“, рече Чави.