Чалоба од Челзи се сели во Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за младиот дефанзивец на Челзи, Тревор Чалоба, пренесуваат англиските медиуми.
Чалоба е младински репрезентативец на Англија, може да игра на повеќе позиции во одбраната и поради тоа е голема желба на „Црвените Ѓаволи“.
Тој не добива голема минутажа во Челзи и сака да ја промени средината, а Челзи е спремен да го продаде за 25 милиони фунти.
Манчестер Јунајтед ова лето ќе прави реконструкција на одбраната и верува дека Чалоба би бил одлична долгорочна инвестиција.