Чахланоглу прави сензационален трансфер од Милан во Интер
Поранешниот играч за врска на Милан, Хакан Чалханулу призна дека ќе се пресели во Интер.
„Да, постигнав договор со клубот. Утре ќе летам за Милано и ќе го потпишам мојот договор“, откри турскиот репрезентативец за ТРТ Спорт.
Фудбалерот роден во Германија го засилува шампионот на Италија како слободен агент. Неговиот договор ќе биде на три сезони со плата од 5 милиони евра плус еден милион бонуси. Чалханулу помина четири години во Милано, за што клубот плати 24 милиони евра на Баер Леверкузен.