Чачо Родригез нов спортски директор на Реал Мадрид

Прославениот кошаркар на Шпанија, Серхио Родригез, ќе го наследи Алберто Херерос на позицијата спортски директор во Реал Мадрид.

Тој има 28 трофеи меѓу кои се издвојуваат двете светски титули со Шпанија, златен медал на Евро-баскетот во 2015-тата и второ место на Олимписките игри во 2012 година.

„Кралевите“ во наредниот период ќе мора да обезбедат и нов тренер откако Чус Матео најави заминување.