„Чеканите“ го сакаат Горецка како замена за Рајс

Вест Хем бара замена за Деклан Рајс кој замина во Арсенал. Клубот ќе добие 105 милиони фунти за играчот од средниот ред и има за цел да ангажира сериозни имиња. Сепак, една од целите изгледа прилично амбициозна.

Според „Скај Германија“, Вест Хем е заинтересиран за играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Леон Горецка. Баварците се подготвени да го продадат за сума меѓу 40 и 50 милиони евра. Тој имаше несигурна минатата сезона, а на некои натпревари беше и на клупа. Томас Тухел планира да го користи новото засилување Конрад Лајмер покрај Џошуа Кимих во средниот ред.

Горецка има договор со Баерн до 2026. 28-годишниот фудбалер нема желба да го напушти клубот и не покажува интерес за трансфер. Дури и да се покаже како вишок, Леон веројатно нема да се одлучи за преселба во Вест Хем.