Челзи блиску до потписот на Лиам Делап

Според Фабрицио Романо, Челси е на чекор до договор за трансфер на напаѓачот Лиам Делап од Ипсвич за сума од 30 милиони фунти. 22-годишниот напаѓач имаше одлична сезона во Премиер Лигата, постигнувајќи 12 голови и 2 асистенции во 37 настапи, што привлече внимание од неколку големи клубови како Манчестер Јунајтед, Њукасл и Евертон. Сепак, пласманот на Челси во Лигата на Шампионите им дава предност во трката за неговиот потпис.
Трансферот дополнително го олеснува и фактот што Делап има претходна соработка со менаџерот на Челси, Ензо Мареска, со кој работел во младинскиот тим на Манчестер Сити. Мареска го опиша Делап како фантастичен играч и идеално решение за нападот на Челси.
Лиам Делап веќе ја прифати понудата од Челзи и е подготвен за трансфер. Менаџерот на Ипсвич, Киран Мекена, јавно призна дека е свесен за интересот и му дозволи на Делап да ја разгледа опцијата за заминување.
Ако трансферот се реализира, Делап ќе се приклучи на Чезси, клуб што сака да гради силен и млад тим под водство на Мареска, со јасна цел да го засили нападот за следната сезона.