Челзи во јануари ќе проба да го доведе Кристијано Роналдо
Англиските медиуми пренесуваат дека е можно фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, својата кариера да ја продолжи во Челзи каде би се преселил веќе во јануарскиот преоден рок.
Роналдо пред неколку дена беше исфрлен од првата екипа на Манчестер Јунајтед, после скандалот од натпреварот со Тотенхем, кога Португалецот пред крајот на дуелот ја напушти клупата за резервни играчи и замина од теренот.
Според информациите, главниот човек во Челзи, Тод Боели, наводно има желба веќе во јануари да проба да го доведе Роналдо на Стенфорд Бриџ. Роналдо има договор со Јунајтед до крајот на сезоната, но големи се шансите фудбалерот да биде продаден во следниот трансфер период.