Челзи го награди Тухел со нов договор
Германскиот тренер Томас Тухел потпиша двегодишно продолжување на договорот со Челзи, една недела по освојувањето на титулата во Лигата на шампионите.
Тухел пристигна во јануари на „Стемфорд Бриџ“ откако доби отказ во ПСЖ, а на клупата на Челзи ја замени легендата на клубот, Френк Лампард.
До доаѓањето на Германецот, Челзи беше во криза, а потао следеше фантастична низа. Челзи сезоната ја заврши на четвртото место, го освои Лига Купот, а на крајот и Лигата на шампионите.
„Не можам да замислам подобра прилика за продолжување на договорот. Благодарен сум на искуството и многу сум среќен што останав дел од семејството на Челзи. Има уште многу што следи и се радувам на нашите идни чекори.“ – рече Тухел.