Челзи го надигра Палмеирас и се избори за полуфинале на Мундијалот за клубови

Челси со 2-1 го совлада Палмеирас и се пласираше меѓу четирите најдобри на Светското клупско првенство.

Англискиот тим рано го отвори резултатот, Палмер постигна гол уште во 16. минута за водство на Челси од 1-0.

По осум минути игра во второто полувреме Естевао го изедначи резултатот на 1-1.

На седум минути до крајот Вевертон си постигна автогол по кој Челси се израдува на победа од 2-1 и пласман во полуфиналето.

Во полуфиналето Челси ќе игра против Флуминенсе кој со 2-1 претходно го елиминираше Ал-Хилал.