Челзи го позајми Гилмор во Норвич

Играчот за врска на Челзи, Били Гилмор, се согласи во наредната сезона да биде испратен на позајмица во Норвич.

Шкотланѓанецот ќе биде подложен на лекарски прегледи откако ќе му помине карантинот бидејќи во изминатиот понеделник даде позитивен резултат на корона-вирус. Карантинот ќе му истече в четврток.

20-годишниот кој беше избран за играч на натпреварот против Англија во групната фаза на Евро 2020, во претходната сезона одигра  11 натпревари за „сините“ од кои пет беа во Премиер лигата.