Челзи го потврди трансферот на Бадијашил од Монако

Фудбалскиот клуб Челзи и официјално го потврди трансферот на Беноа Бадијашил кој во тимот од „Стенфорд Бриџ“ пристигна од Монако.

Сумата која Челзи ја плати за 21-годишниот француски дефанзивец изнесува 38 милиони фунти. Бадијашил според договореното треба да остане во екипата од Лондон до летото 2030. година.

Францускиот фудбалер беше член на Монако од 2016.година, и за првиот тим одигра 135 натпревари, а постигна шест гола. Бадијашил своето деби за француската репрезентација го имаше минатата година.