Челзи го потврди трансферот на Лакроа

Францускиот фудбалер Максенс Лакроа е нов играч на Челзи, објави англискиот клуб.

Лакроа потпиша договор со Челзи до 2032 година, а во клубот доаѓа од Кристал Палас за 60.700.000 евра, објави „Скај Спортс“.

„Навистина сум среќен што сум дел од овој прекрасен клуб. Сите ја знаат историјата на Челзи и неговата победничка традиција, па ова е навистина горд момент. Кога разговарав со менаџерот, сфатив дека ги делиме истите цели и желби. Сакаме да победуваме, имаме квалитет на играчи за највисоки цели. Нашата амбиција е да освојуваме трофеи и едвај чекам да го дадам мојот придонес“, рече Лакроа.

Францускиот фудбалер игра како стопер, а минатата сезона имаше 55 настапи за Кристал Палас, каде што запиша три гола и три асистенции.