Челзи го потврди трансферот на Хендерсон

Челзи официјално го потврди ангажманот на искусниот англиски репрезентативец Џордан Хендерсон, кој потпиша двегодишен договор со лондонскиот клуб.

Поранешниот капитен на Ливерпул, кој во својата богата кариера освои осум трофеи, меѓу кои и Премиер лигата и Лигата на шампионите, ќе му се приклучи на тимот од „Стемфорд Бриџ“.

По потпишувањето на договорот, Хендерсон не го криеше задоволството што ќе го носи дресот на „сините“.

„Со оглед на големината на клубот, менаџерот, кого многу го почитувам, и квалитетот на играчите, ова беше огромна можност што не можев да ја одбијам. Бев импресиониран и од амбицијата на сопствениците да го вратат Челси на врвот и да го движат клубот во вистинската насока“, изјави Хендерсон.

Тој додаде дека ќе се обиде со своето искуство да придонесе за успехот на екипата.

„За мене е важно секој ден да давам максимум, и на теренот и надвор од него, за да им помогнам на соиграчите и на тимот. Со нетрпение очекувам да започнам со работа“, порача искусниот играч од средниот ред.