Челзи го става Мудрик на трансфер листа по само шест месеци
Михаило Мудрик дојде во Челзи како големо засилување во јануари и очекувања беа многу големи.
Мудрик беше на мета на многу европски гиганти, но тој избра кариерата да ја продолжи во Челзи и се вклопи во „сивилото“ на Стенфорд Бриџ.
Тој не покажа ништо од својот потенцијал и не успеа де се вклопи во Премиер лигата, па можно е експресно да го напушти Челзи. Мудрик започна само шест првенствени натпревари како стартер во Челси од јануари и имаше еден настап во Лигата на шампионите, а не постигна ниту еден гол.
„Сините“ за него платија 70 милиони евра во јануари, а сега се спремни да го продадат и да слушнат понуди.