Челзи го уништи Нотингем Форест, Постекоглу пред отказ

Фудбалерите на Челси ја продолжија успешната серија на гостувањата кај Нотингем Форест со убедлива победа од 0-3 во осмото коло од Премиер лигата.
Првото полувреме мина без голови, но понуди неколку прилики на двете страни. Форест можеше да поведе преку Гибс-Вајт, а за Челзи се закани Андреј Сантос. Само четири минути по продолжението на мечот, Џош Ачеампонг го отвори резултатот по асистенција на Педро Нето, кој само три минути подоцна се запиша и меѓу стрелците за 0-2. Точка на триумфот стави Рис Џејмс, кој претходно имаше улога на асистент.
Челзи мечот го заврши со играч помалку, откако Мало Густо доби втор жолт картон, но тоа не ја промени сликата на теренот.
Тимот од Лондон сега има 14 бода и привремено се искачи на четвртата позиција, додека Нотингем остана со пет и се наоѓа на седумнаесеттото место.