Челзи добива засилување од соништата од Сити?!

Челзи се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите, со одличната одбрана го „архивираа“ Атлетико, победија со нивното оружје, а тимот на Тухел навистина е за избегнување на утрешната ждрепка.
„Сите ќе сакаат да не играат со нас.“ – заклучи Тухел, кој слободно може да се каже дека го „прероди“ Челзи.
Инаку, „сините“ од Лондон се во потрага по нов напаѓач, една варијанта е да го испратат Вернер во Дортмунд за Халанд, но тоа не е реално. Наводно нудеа и 50 милиони на Јувентус за Дибала, но тоа е недоволно.
Она што го планираат го објавија англиските медиуми.
Имено, Челзи ќе му понуди договор на Серхио Агуеро. Според одредени информации, Аргентинецот не сака во Барселона, сака да остане во Премиерлигата, ќе биде слободен играч ,а во Лондон го чекаат со ширум отворени раце. Би бил огромно засилување, не само поради квалитетот, туку и искуството, а би можел да биде и ментор на помладите играчи.