Челзи доминантно ја освои Конференциската лига

Импресивното второ полувреме во финалето во Лигата на Конференции на УЕФА, му го донесе првиот трофеј на англискиот тим Челзи во ова натпреварување, откако славеше против шпански Бетис со 4-1. Сите четири гола „сините“ ги постигнаа во вториот дел, откако по првиот губеа со 1-0.

И не само што имаа негатива по пвиот дел, ситуацијата за нив се чинеше безнадежна со оглед дека одиграа многу слаб прв дел, во кој Бетис доминираше, и можеше дури да постигне и втор гол.

Езалзули уште во 9. минута го донесе Бетис во предност, и тој резултат беше во сила до 65. минута кога почна доминацијата на англискиот тим.

Енцо Фернандез го израмни резултатот, а потоа само пет минути му требаше на Џексон да го сврти резултатот во корист на Англичаните. До крајот на мечот уште два гола во мрежата на Бетис. Санчо во 83. минута зголеми на 1-3, а конечните 1-4 ги постави Каиседо.

Со овој трофеј Челзи ги обедини сите европски трофеи, додека Бетис пропушти шанса да се радува на прв европски трофеј.