Челзи има нов сопственик, Тод Боли го купи клубот од Абрамович
Фудбалскиот клуб Челзи и официјално потврди дека клубот е продаден и повеќе не е во рацете на рускиот бизнисмен Роман Абрамович. Нов сопственик на сè уште актуелниот европски шампион е Тод Боли, сопственик на безбол клубот Лос Анџелес Доџерс.
Конзорциумот – предводен од Боли, како и од Кларк Капитал, Марк Волтер и швајцарскиот милијардер Хансојерг Вис – за преземање на клубот ќе платат околу 4,5 милијарди долари и ќе има обврска да инвестира уште 1,7 милијарди долари во него, објавија медиумите на Островот.
„Челзи може да потврди дека е постигнат конечен и дефинитивен договор за продажба на клубот на Тод Боли/Клирлејк Капитал. Трансакцијата се очекува да биде комплетирана во понеделник. Клубот потоа ќе објави дополнителни информации“, се вели во соопштението на Челзи.