Челзи испрати понуда за Рафиња од Лидс
Челзи подготвува неколку трансфер изненадувања во овај преоден рок. Голем број англиски медиуми објавуваат дека клубот од Стенфорд Бриџ доставил понуда до Лидс за бразилското крило Рафиња.
Челниците на двата клуба начелно се договориле околу висината на обештетувањето. Челзи понудил 55 милиони фунти, сума која е прифатлива за Лидс Јунајтед.
Бразилецот Рафиња се споменуваше во бројни трансфер комбинации ова лето, а како најсериозни кандидати за негов ангажман беа Арсенал и Барселона. Меѓутоа изгледа дека на крајот најконкретен е Челзи кој се чини дека ќе ја добие битката за потпис со фудбалерот.