Челзи купува дефанзивец од Монако

Челзи е блиску до комплетирање на трансферот на дефанзивецот на
Монако, Беноа Бадијашиле, пишуваат англиските медиуми.
Преговорите помеѓу двата клува се во напредна фаза и наскоро
трансферот треба да биде комплетиран за сума помеѓу 30 и 35
милиони фунти.
Бадијашиле веќе има одиграно 136 натпревари за Монако и важи за
еден од најголемите таленти во Франција.
Челзи е во потрага по дефанзивец и смета дека Бадијачиле ќе биде
одличен партнер на неговиот сонародник Весли Фофана.