Челзи не сака ни да чуе да го продаде Канте

ПСЖ се обиде да го добие играчот за врска на Челзи, Н’Голо Канте ова лето , објавија медиумите во Англија. ПСЖ дури започнал прелиминарни преговори со францускиот репрезентативец, но лондончани категорично одбиле да го продадат Канте.

Челзи веќе неколку месеци се обидува да го продолжи договорот со францускиот играч од средниот ред. Минатата сезона, Канте одигра 48 натпревари за Челзи во сите натпреварувања, со три асистенции. Неговиот сегашен договор со лондонскиот клуб истекува на 30 јуни 2023 година, а вредноста на трансферот се проценува на 55 милиони евра.

Н’Голо Канте е избран за играч за врска на Лигата на шампионите на УЕФА за сезоната 2020/2021. Соодветната награда му беше доделена на ждрепката на групната фаза од новата сезона на Лигата на шампиони.