Челзи нуди пари и Лофтус Чик за трансфер на Шкрињар

Рубен Лофтус-Чик би можел да биде вклучен во понудата на Челси за дефанзивецот на Интер, Милан Шкрињар, тврди Газета дело Спорт. 27-годишниот Словак е една од главните трансфер цели на Томас Тухел, кој мора сериозно да го засили својот тим на овие позиции по разделбата со Андреас Кристенсен и Антонио Рудигер.

Сепак, Интер сака околу 70 милиони евра за Шкрињар. За да се намали оваа сума, лондончани планираат да го понудат и Лофтус-Чик. Сепак, италијанското издание сугерира дека „нероазурите“ нема да ја прифатат оваа понуда бидејќи сакаат целосна парична понуда.

Челси и Интер преговараат и за друг трансфер. „Нероазурите“ сакаат да го вратат Ромелу Лукаку, но лондончани се подготвени да го изнајмат за многу сериозна сума од околу 20 милиони фунти.

За Шкрињар е заинтересиран и Тотенхем.