Челзи нуди 80 милиони евра за да го врати Тами Абрахам

Тами Абрахам би можел да се врати во Челзи по крајот на сезоната, тврдат медиумите на Островот.

Абрахам направи вистински потег со трансферот во Рома каде доживеа целосна афирмација и го привлече интересот на бројни клубови. Меѓутоа, италијанските медиуми откриваат дека во договорот на напаѓачот постои клаузула со која Челзи ќе може да го врати на „Стенфорд Бриџ“ за 80 милиони евра.

Со оглед на одличните игри на Абрахам и фактот што Челзи е во потрага по напаѓач, „сините“ сакаат да ја искористат опцијата и да го вратат во своите редови.

Потер е голем симпатизер на неговата игра и му ветува дека ќе има важна улога во тимот, па и самиот напаѓач е спремен да се врати „дома“.