Челзи останува неколку недели без Кристијан Пулишиќ
Тренерот на фудбалскиот клуб Челзи, Греам Потер, објави дека крилниот напаѓач, Кристијан Пулишиќ поради повреда ќе отсуствува најмалку две недели.
Американскиот репрезентативец повредата ја заработи на натпреварот со Манчестер Сити во Премиер лигата, кој лондончани го загубија со резултат 0:1.
„Кристијан пред неколку дена имаше силен удар во коленото и се уште ја анализираме неговата состојба. Претпоставувам дека тој ќе биде надвор од терените неколку недели“, изјави тренерот Потер после уште еден пораз од Сити, овој пат со 4:0 во рамките на ФА Купот.