Челзи планира засилување со Кунде од Севиља
Фудбалерот од одбраната на Севиља, Жил Кунде, ќе биде првото засилување за Челзи после продажбата на клубот.
Екипата од Стенфорд Бриџ на лето ќе остане без двајца од своите стандардни првотимци. Антонио Рудигер заминува во Реал Мадрид, а Андреас Кристенсен најверојатно ќе направи трансфер во Барселона, па така на Челзи му е неопходно доведување на нов квалитетен штопер.
Според информациите, 23-годишниот Кунде веќе постигнал усмен договор за премин во Челзи ова лето. Севиља за реализација на трансферот се очекува да бара околу 59 милиони фунти.