Челзи постави цена за Лукаку, Белгиецот слободен за 45 милиони евра
Челзи повторно најави дека ќе го продаде Ромелу Лукаку ова лето. Белгискиот интернационалец минатата сезона играше за Рома како позајмен, а претходно за Интер и Челзи кои ги имаа и неговите права.
Според новинарот Фабрицио Романо, клубот од „Стемфорд Бриџ“ бара 45 милиони евра за Белгиецот, сума која не е толку голема со оглед на тоа што Челзи сака да го ангажира Виктор Осимен, кој чини трипати повеќе.