Челзи пред победа во битката за потписот на Хакими

Ашраф Хакими сигурно ќе го напушти Интер ова лето.

„Нероаѕурите“ имаат големи финансиски проблеми и ќе морат да продаваат некои од своите ѕвезди, а прв на списокот е Хакими. ПСЖ важеше како голем фаворит за потписот на Мароканецот, но сега во трката се вклучи Челзи, кој испрати подобра понуда.

„Сините“ понудиле 60 милиони евра во кеш плус потписот на Маркос Алонсо, понуда која Интер е спремен да ја прифати.