Челзи пријави загуба од 121 милиони фунти
Од фудбалскиот клуб Челзи соопштија дека во сезоната 2021/22 година имале вкупна загуба од 121,3 милиони фунти, како резултат на санкциите кои британската влада ги воведе на поранешниот сопственик на клубот Роман Абрамович.
Рускиот милијардер го стави на продажба клубот минатата година, после почетокот на руската инвазија на Украина, но владата на Британија за брзо воведе и санкции за Абрамович што ја искомпликува продажбата.
Ограничувањата и санкциите останаа до 30. мај кога Челзи конечно беше продаден на конзорциум предводен од Американецот Тод Боели.
Клубот соопшти дека и покрај загубите продолжува со почитување на финансиските прописи на УЕФА и Премиер лигата.